ПРВИ КОНТРОЛИ

Пелистер тргна со победа, Работнички со реми

Матеј Цветановски во своето деби во дресот на „зелените", со гол во 80. минута, му донесе триумф на Пелистер (1:0) над Ботев, на првата контрола во текот на овие подготовки. Работнички одигра 1:1 со Скендербег, исто во првиот пријателски натпревар. 

објавено: 18 јуни 2017 - 20:35

Екипата на Пелистер со победа ги започна подготовките. Матеј Цветановски е јунакот на Пелистер. Тој во своето деби во дресот на „зелените", со гол во 80. минута, му донесе триумф од 1:0 на својот тим над Ботев, на првата контрола во текот на овие подготовки.

Работнички тргна со реми. Во Словенија, „романтичарите" одиграа 1:1 со Скендербег. Лилај му донесе водство на својот тим од пенал во 76.минута, додека една минута подоцна Кадриу му донесе израмнување на Работнички во својот прв настап за „романтичарите".

 

Најново во Фудбал