Лошиот старт донесе смена во Прилеп

Штерјоски си поднесе оставка во Победа

Поразот од Работнички со пресврт по предноста од 2:0 го чинеше разделба тренерот на Победа, Зоран Штерјоски

објавено: 21 септември 2017 - 13:16

Поразот од Работнички со пресврт по предноста од 2:0 го чинеше разделба тренерот на Победа, Зоран Штерјоски. Тој си понудил оставка, а таа е прифатена, па утреинскиот тренинг го водеше тандемот Вршкоски и Кебакоски.

Штерјоски во ланската сеоза направи чудо со Победа и успеа да ги одведе прилепчани во мирните води, за опстанок, иако беше во загубена ситуација. Сепак почетокот на новата сезона беше лош, а Победа по шест кола освои само 5 бода. Новиот тренер раководството на Победа ќе го именува до крајот на неделава.

Најново во Фудбал