НЕКОГАШНИОТ ПРВАК ИМА ОДЛИЧЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА

Силекс убедлив на гости кај Ренова

Кратовчани победија на гости со 3:0 и сега имаат шест бода по првите две кола

објавено: 19 август 2017 - 18:56

Екипата на Силекс победи убедливо со 3:0 на гости кај Ренова, во второто коло од македонското првенство. Кратовчани одиграа одлично и уште во првото полувреме водеа со 2:0. Георгиев во 29 минута и Тимов во 35 минута погодија за солидна предност по првите 45 минути. 

Триумфот на гостите го потврди Алексовски со гол во 88 минута. Силекс сега има две победи во два меча и тоа без ниту еден примен гол, па најмалку од утре ќе останат лидери на табелата. Во останатите мечеви утре од 17 часот ќе играат Академија Пандев - Скопје, Пелистер - Работнички, Вардар - Победа. 

 

Најново во Фудбал