Тренерот на Вардар има супер искуство против противникот

Вака Седлоски го тресеше Малме (ВИДЕО)

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски во далечната 1997 година тој како член на Хајдук го исфрли Малме во Купот на УЕФА, а во Сплит му даде и гол. 

објавено: 19 јуни 2017 - 13:04

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски во далечната 1997 година тој како член на Хајдук го исфрли Малме во Купот на УЕФА, а во Сплит му даде и гол.

„Сите се јаки но Малме беше еден од ривалите кои потајно го посакувавме. Противникот не е наивен. Првак на Шведска со многу познати играчи од матичната земја но и од Данска, Норвешка... Лани играа во Лигата на шампионите и тоа кажува се за нивниот квалитет. Ние можеме да се надигруваме со нив. Подобро Малме отколку Легија, Карабах, АПОЕЛ...", коментира Седлоски за „Македонски спорт“.

Тој во изјавата за Македонски Спорт ни открива дека како играч го има елиминирано Малме.

„Го имам елиминирано во Купот на УЕФА. Беа тоа два извонредни меча кога јас играв за Хајдук. Во Сплит ги победивме со 3:2 кога бев стрелец на еден од головите. Во Малме ги победивме со 2:0. Сега е на ред и како тренер да ги елиминирам", додава Седлоски во реакцијата откако Малме стана негов ривал во квалификациите за Лигата на шампионите.

Голот може да видите во 2:58...

Најново во Фудбал