МАКЕДОНСКИОТ ПРВАК ГО ДОБИ ПРОТИВНИКОТ

Вардар ќе игра против Малме во квалификациите за Лигата на шампиони

Така одлучи денешната ждрепка во Нион 

објавено: 19 јуни 2017 - 12:31

Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе игра против Малме, во второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, за сезоната 2017/18. Ждрепката во Нион сакаше шведскиот тим да биде првата пречка на „црвено-црните“ во елитната европска лига на УЕФА.

Вардар ќе биде гостин на првиот меч, кој ќе се игра на 11 или 12 јули, додека реваншот треба да биде една недела подоцна, а нашиот шампион ќе биде домаќин. 

Како можни противници на Вардар беа и екипите на Селтик (Шкотска), Легија (Полска), Марибор (Словенија) Розенборг (Норвешка), Хафнарфјордур (Исланд), но ждрепката сакаше противник да биде шампионот на Шведска.

Најново во Фудбал