НА ПОДГОТОВКИТЕ ВО АВСТРИЈА ДОЈДЕ И БРАЗИЛСКИ НАПАЃАЧ

Во Вардар дојде Матеус, ама не е Лотар (Видео)

Матеус Лима Круз има играно за повеќе бразилски клубови, а во Европа настапуваше за тимто на Кукс во Албанија

објавено: 18 јуни 2017 - 13:05

Матеус Лима Круз е новото име во редовите на македонскиот фудбалски првак Вардар. Се работи за напаѓач кој треба да ја засили офанзивната линија. Матеус е играч кои има играно за Кукс во Албанија, каде во 27 меча даде седум погодоци.

По настапите во Кукс, се врати во Бразил каде потпиша за Сантош, но не одигра ниту еден меч. Сега е заедно со Вардар, на подготовките во Австрија. Бразилецот ќе остане со „црвено-црните“ во следните неколку дена, а ако ги задоволи барањата на стручниот штаб, ќе биде дел од тимот за следната сезона. 

 

Најново во Фудбал