Македонскиот шампион има голем мотив против шведскиот првак

Елиминација на Малме, па роденденско славје, Вардар за 5 дена полни 70 години

Елиминација на Малме би била супер подарок за фудбалскиот клуб Вардар за 70. родненден на клубот формиран на 22. јули 1947 година

објавено: 17 јули 2017 - 20:50

Елиминација на Малме би била супер подарок за фудбалскиот клуб Вардар за 70. родненден на клубот формиран на 22. јули 1947 година. Утре македонскиот првак ќе има мотиви до небо да го изненади и исфрли од игра фаворизираниот шведски првак. Како дар за себе и за навивачите по повод роденденот. 

Вардар е формиран на 22. јули 1947 година со фузија на скопските екипи Победа и Македонија. И секако е убедливо најтрофеен и најпознат клуб во Македонија. Има една шампионска круна од поранешна Југославија и 10 трофеи во независна Македонија, а патем еднаш го освои националниот куп во Југославија и уште 5 пати го освојуваше Купот на Македонија. 

Во вардаровата биографија сепак недостасува европски исчекор, а се чека прв пласман во фаза по групи во Лигата на шампионите или Европа Лигата. Победа против Малме утре во Струмица ќе значи чекор поблиску до целта и прекрасен подарок за јубилејниот 70. роденден.

Најново во Фудбал