Џани пристигна со англискиот клуб во Австрија

Алиоски ќе почека на деби за Лидс, одложен е денешниот меч со Инголштад

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски вчера го имаше првиот тренинг со новата екипа, Лидс јунајтед и тоа на подготовките во Австрија, а денеска требаше и да дебитира за англискиот состав, но пријателскиот меч со Инголштад е одложен

 

објавено: 16 јули 2017 - 09:30

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски вчера го имаше првиот тренинг со новата екипа, Лидс јунајтед и тоа на подготовките во Австрија, а денеска требаше и да дебитира за англискиот состав, но пријателскиот меч со Инголштад е одложен. Лидс најави дека ќе објави соопштение за причините поради кои е одложен дуелот со германскиот противник.

Сепак дебито на Алиоски за Лидс ќе биде против германска екипа и тоа против Борусија Менхегладбах во четврток. Потоа македонскиот репрезентативец ќе има шанса да ги покаже своите квалитети и против шпанскиот прволигаш Еибар идната недела.

Македонија по цели 3 години пауза пак ќе има играч во Англија, овојпат во Чемпионшип лигата, која е втора по квалитет зад Премиерлигата. Последен играч кој настапувал на Островот е Горан Попов, кој беше член на Вест Бромвич Албион од 2012 до 2014 година и тоа во Премиерлигата.

Најново во Фудбал