Еуфорија во Валенсија

Барди ќе ужива, Леванте продаде 20 илјади претплатни билети

Енис Барди ќе ужива во престојот во прекрасната Валенсија, во помалиот од двата клуба од овој град, во Леванте, а ќе има и огромна поддршка на секопј домашен меч

објавено: 18 август 2017 - 15:30

Енис Барди ќе ужива во престојот во прекрасната Валенсија, во помалиот од двата клуба од овој град, во Леванте, а ќе има и огромна поддршка на секопј домашен меч. Леванте има релативно мал стадион со капацитет од 26.354 места, а веќе се продадени 20 илајди претплатни билети.

Леванте се врати во Примера Дивизија, летово го ангажираше и нашиот репрезентативец, па заеднички ќе тргнат во нова убава авантура во најсилната лига на светот. Леванте почнува на домашен терен во понеделник против Вилјареал а стадионот „Сиудад де Валенсија“ ќе биде со полн капацитет.

Се очекува и Барди да биде во стартната постава на домаќините, откако ја санираше повредата на мускулот

Најново во Фудбал