МЛАДИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕ ЗАПИРА

Барди за потврда на уште еден триумф на Ујпешт

Погоди во 35. минута од дуелот со Мезоковес, со што го удвои водството на (2:0), кое подоцна Ујпешт го претвори во конечни (3:1).

објавено: 22 април 2017 - 21:05

Фудбалерите на Ујпешт стигнаа до уште една победа во шампиоантот на Унгарија, Но што е уште поважно за нас, во овој нов триумф свој „запис“ остави и нашиот репрезентативец Енис Барди. 

Барди погоди во 35. минута од дуелот со Мезоковес. Гол со кој го удвои водството на (2:0), кое подоцна Ујпешт го претвори во конечни (3:1). Па по 28. одиграни кола неговиот тим се наоѓа на делба на петтата позиција на табелата заедно со екипата на Халадаш.

Најново во Фудбал