Активирана е клаузулата и следи потпис на тригодишен договор

Еден цел меч и магија се стори - Спортинг го откупи договорот на Стефан Ристовски

Само еден цел меч што го одигра Стефан Ристовски за Спортинг беше доволен за клубот од Лисабон да ја активира откупната клаузула од 2,25 милиони евра и да подготви тригодишен договор за македонскиот репрезентативец

објавено: 21 септември 2017 - 14:22

Само еден цел меч што го одигра Стефан Ристовски за Спортинг беше доволен за клубот од Лисабон да ја активира откупната клаузула од 2,25 милиони евра и да подготви тригодишен договор за македонскиот репрезентативец.

Ристовски одигра одличен меч во купот на Португалија против Маритимо, па „лавовите“ одлучија да не калкулираат и да не чекаат, па на контото на Риека ќе уплатат 2,25 милиони евра, за Стефан да биде во сопственост на Спортинг.

Летово тој замина од Ријека како позајмен играч, а сега треба да потпише тригодишен договор со Спортинг Лисабон, со опција потоа да продолжи уште две сезони.

Тренерот Жорге Жесус со многу комплименти го оцени настапот на Стефан Ристовски, кој одигра неколку минути во финишот и против Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Најново во Фудбал