Тие се хит во Хрватска

Ејупи одмори, Петровиќ и Осиек триумфално минаа низ Загреб

Осиек е вистински хит во Хрватска, екипата е се уште без пораз во ХНЛ Лигата, а ќе игра и бараж за пласман во Европа Лигата. Денеска без Музафер Ејупи во составот, но со повратникот во тимот Мики Петровиќ, Осиек ја победи Локомотива во Загреб со 3:2

објавено: 12 август 2017 - 21:06

Осиек е вистински хит во Хрватска, екипата е се уште без пораз во ХНЛ Лигата, а ќе игра и бараж за пласман во Европа Лигата. Денеска без Музафер Ејупи во составот, но со повратникот во тимот Мики Петровиќ, Осиек ја победи Локомотива во Загреб со 3:2.

Ејупи, кој лани беше најдобар стрелец одмори пред двомечот со Австрија Виена, а шанса да биде стартер доби вториот македонски репрезентативец во тимот, Петровиќ. Тој го одигра целиот меч, а во возбудлив финиш, со пресврт Осиек славеше со 3:2, иако имаше негатива од 1:2.

Осиек е без пораз по пет кола во ХНЛ и со девет бода е на делба на третото место со шампионот Риека.

Најново во Фудбал