ДОБАР, СТАРТ НА НАШИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО ХРВАТСКА

Ејупи погоди за реми на Осијек

Музафер Ејупи донесе изедначување на дуелот во Осијек каде гостуваше Рудеш.

објавено: 16 јули 2017 - 22:52

Успешен старт имаше Музафер Ејупи на почетокот на новата сезона во хрватскиот фудбалски шампионат. Македонскиот интернационалец го погоди голот на гостинската екипа Рудеш, и да донесе егал резултат (1:1) за неговиот Осијек.

Во 68 минута од играта, Ејупи одлично ја следеше акцијата, односно слободниот удар, по кој одбиената топка од гредата ја смести во противничкиот гол.
Инаку, две минути порано, гостите поведоа со голот на Камењар.

Во преостанатиот дел од премиерата во „Градски врт“ немаше промена на резултатот, па се чини дека гостите имаа далеку поголема причина за задоволство на истекот на 90. минути .

 

Најново во Фудбал