МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОГОДИ ЗА ПОБЕДА

Гол на Барди, вреден три бода за Ујпешт

Енис Барди даде гол во 82. минута, кој го пресуди победникот во дуелот Ујпешт-Халадаш (2:1) 

објавено: 20 мај 2017 - 22:00

Енис Барди погодува и му носи нови бодови на Ујпешт.

Така беше и во 32. коло од првенството на Унгарија. Во 82. минута од играта нашиот млад репрезентативец го пронајде патот до голот на противникот. Доволно да го врати водството (2:1), и да му обезбеди нов триумф на својот тим.

Тоа беше и 11. погодок кој Барди го реализира во вкупно 27 настапи во оваа сезона во дресот на тимот од Будимпешта кој со 42 освоени бода се наоѓа на седмата позиција на табелата.

 

Најново во Фудбал