Популарниот Ромарио од Сицилија го цени нашиот фудбалер

Миколи: Несторовски? Не знам дали ќе си оди, но ако го задржат во Палермо брзо ќе се вратат во Серија А

Навивачите на Палермо се уште го паметат извонредниот напаѓач Фабрицио Миколи, кој остави впечатлива трага на „Ренцо Барбера“, па неговото мислење е секогаш релеватно. А, популарниот Ромарио од Сицилија има одлично мислење за Илија Несторовски

објавено: 7 јули 2017 - 09:47

Навивачите на Палермо се уште го паметат извонредниот напаѓач Фабрицио Миколи, кој остави впечатлива трага на „Ренцо Барбера", па неговото мислење е секогаш релеватно. А, популарниот Ромарио од Сицилија има одлично мислење за Илија Несторовски.

„Ме прашувате за Несторовски? Не знам дали ќе си оди, или ќе остане, тоа зависи од раководството. Но, јас и претходно кажав и сега ќе повторам. Сакам такви играчи како него. Дава голови, но и игра за тимот. Ако Палермо успее да го задржи тоа ќе биде силен поттик за сите во клубот да се формира тим што ќе го врати клубот во Серија А“, изјави Миколи за „Mediagol.it“.

За Несторовски интерес има од неколку клубови, а разврската околу неговата судбина во Палермо ќе биде позната многу брзо.

Најново во Фудбал