МАКЕДОНЕЦОТ ПРЕД ПРОМОЦИЈА ВО РУСКИОТ ТИМ

Несторовски потпишува за Зенит?!

Само детали го делат македонскиот репрезентативец од промоција во руската екипа, Зенит, кадешто тренер е Роберто Мачини. 

објавено: 7 јуни 2017 - 12:54

Само детали го делат македонскиот репрезентативец од промоција во руската екипа, Зенит, чиј тренер е Роберто Мачини. Како што обајвува „Македонски спорт“, само токму  голгетерот на Палермо е првата цел на новиот стратег.

Обесштетувањето кое што тимот од Сицилија треба да го добие од руската екипа изнесува седум милиони евра. За Несторовски во изминатиот период имаше интерес и од Италија, Шпанија и Англија.

Во минатото во Зенит играа Величе Шумуликоски и Драган Чадиковски, со што Несторовски може да стане третиот Македонец кој што ќе биде дел од оваа екипа.

 

Најново во Фудбал