МАКЕДОНЕЦОТ ЈА ДОБИ КАПИТЕНСКАТА ЛЕНТА И ОСТАНУВА ВО ПАЛЕРМО

Несторовски: Во моментов не размислувам за трансфер

Во првиот подготвителен меч, Илија даде четири гола во убедливата победа од 13:2 против аматерите во Австрија

објавено: 17 јули 2017 - 13:28

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски не размислува да си замине од Палермо. Најдобриот играч на Палермо од минатата сезона, е новиот капитен на тимот. Во првиот меч од подготовките, Несторовски покажа дека е во голгетерски ритам. Даде четири погодоци во победата над аматерите од Австрија. 

Иако името на Илија се споменуваше во многу комбинации за евентуален трансфер, се поверојатно е дека тој ќе остане во тимот од Сицилија. Голгетерот вели дека главна цел на тимот е што побрзо да се вратат во Серија А. 

„Задоволен сум од четирите гола што ги дадов, но поважно е што играме добро како екипа. Му благодарам на Ѕамперини што ми ја даде оваа доверба да бидам капитен на тимот. Тоа е голем мотив за мене, да продолжам да работам. Подготвен сум да останам во Палермо. Во моментов не размислувам за трансфер. Наша цел е веднаш да се вратиме во Серија А, бидејќи навивачите го заслужуваат тоа“, рече Несторовски. 

 

Најново во Фудбал