Штета што Палермо не играше вака цела сезона

ОД НАВИВАЧКИ АГОЛ: Одличната акција на Палермо и голот за збогум на Несторовски (ВИДЕО)

Македонецот со погодокот во 76 минута најверојатно се збогува од својот актуелен тим, и во наредната сезона дефинитивно ќе го гледаме во поконкурентен колектив. Како за крај со Палермо Нестор послетигна одличен гол, а погледнете како тоа изгледаше од навивачки агол

објавено: 29 мај 2017 - 20:30

Илија Несторовски со 11 погодоци беше најдобриот играч на Палермо во оваа сезона. Но, учинокот на Македонецот не беше доволен за да се спаси тимот од Сицилија. тресењето на мрежата во 76. минута за Нестор најверојатно значеше и збогување со гол за тимот од Сицилија. Истиот до сега имавме можност да го проследиме од телевизиските камери, но, погледнете како гоа изгледа од навивачки агол. Можеме само да жалиме што Палермо не одигра во поголемиот дел од сезоната вака. Дефинитивно ќе имаа поголеми шанси за опстанокот.

 

Најново во Фудбал