НА ЕП ВО ПОЛСКА БЛЕСНА, А НЕМАШЕ МАКА НИ СО ШПАНСКИТЕ ЅВЕЗДИ

Овие мајстории го препорачаа Елмас во Фенербахче (Видео)

Елиф Елмас е момчето за кое допрва треба да слушне фудбалска Европа. Талентираниот 17-годишен македонски репрезентативец од синоќа е во Истанбул, каде го договори трансферот во Фенербахче.

Елмас ќе може да дебитира дури откако ќе стане полнолетен, но тоа не беше пречка, Фенербахче да реагира и да го добие потписот на тинејџерот за кого се интересираа уште неколку европски клубови. Елмас добитираше за сениорската селекција на Македонија и тоа во дуелот со некогашниот европски и светски првак Шпанија, а потоа беше дел и од Европското младинско првенство во Полска, каде имаше блескави моменти. 

Уживајте во еден мал дел од мајсториите на фудбалскиот бисер на Македонија и новиот член на Фенербахче. 

објавено: 17 јули 2017 - 15:50

Најново во Фудбал