Розевиот дрес ќе се менува со виолетов

Пиоли нареди да почне „Операцијата Несторовски“, Фиорентина доаѓа по Илија со понуда од 10 милиони евра

Илија Несторовски речиси сигурно нема да игра во Серија Б со Палермо, а розевиот дрес на клубот од Сицилија ќе го менува за виолетовиот на Фиорентина. Така е барем според најавите на италијанските медиуми, кои објавија дека раководството на клубот од Фиренца, доаѓа со понуда од 10 милиони евра, како отштета за Палермо за трансфер на македонскиот репрезентативец

објавено: 19 мај 2017 - 08:30

Илија Несторовски речиси сигурно нема да игра во Серија Б со Палермо, а розевиот дрес на клубот од Сицилија ќе го менува за виолетовиот на Фиорентина. Така е барем според најавите на италијанските медиуми, кои објавија дека раководството на клубот од Фиренца, доаѓа со понуда од 10 милиони евра, како отштета за Палермо за трансфер на македонскиот репрезентативец.

Зелено светло за акцијата дал и идниот тренер на Фиорентина, Стефано Пиоли, а веројатно ништо против ќе нема ниту раководството на Палермо. Го купија нашиот репрезентативец за само 500 илјади евра од Интер Запрешиќ, во меѓувреме не успеаја да го наговорат да замине во Кина за сума од 20 милиони евра, па веројатно и знаат дека понудата од 10 милиони евра е одличен „дил“ за нив.

Приказната на Илија Несторовски во првата сезона во Калчото е сезнационална. Одигра одлично, постигна речиси една третина од головите на целиот тим, а што е најважно покажа карактер и дух на победник во лошата сезона на Палермо. Тој е убедливо најсветлата точка во составот на клубот што испаѓа од Серија А, а интересот за него е голоем од европските клубови. Фиорентина ќе инкасира пари од продажбата на Никола Калиниќ, се шпекулира со сума од 35 милиони евра, па нема да има проблем да плати 10 милиони евра како отштета за ангажман на Илија Несторовски.

Најново во Фудбал