Несекојдневен момент во Лига купот

Полицаец му покажа на Џани каде се шутираат пенали (Фото)

Интересен момент се случи на дуелот од Лига купот во Англија, а случајно учесник беше и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски

објавено: 21 септември 2017 - 14:00

Интересен момент се случи на дуелот од Лига купот во Англија, а случајно учесник беше и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Мечот меѓу Барнли и Лидс заврши нерешено и во регуларниот дел и во продолженијата, па мораше да се шутираат пенали. И дилемата на која страна ќе биде пенал рулетот ја разреши полициски службеник.

Главниот задолжен за безбедноста на стадионот му сугерираше на главниот судија дека изборот е само на страната каде се домашните навивачи. И арбитарот ја прифати сугестијата, па Алиоски и соиграчите, заедно со противниците од Барнли шутираа на страната каде трибините беа исполнети со симпатизери на Барнли. И тоа не им пречеше на гостите од Лидс да славата, а свој придонес со гол од пенал даде и нашиот репрезентативец.

Најново во Фудбал