Стоперот со потпис го потврди трансферот во Казахстан

Шиков потпиша едногодишен договор со Тобол

Ванче Шиков веќе потпиша едногодишен договор со казахстанскиот Тобол, а промоцијата е најавена за следните денови

објавено: 17 јули 2017 - 19:41

Ванче Шиков веќе потпиша едногодишен договор со казахстанскиот Тобол, а промоцијата е најавена за следните денови. Стоперот на македонската репрезентација ќе игра за дванаесеттиот клуб во кариерата, и за првпат ќе игра во казахстанското првенство.

„Денеска потпишав едногодишен договор со Тобол, а очекувам официјалната промоцијата да биде во следните денови. Задоволен сум од условите, бидејќи Тобол е клуб со големи амбиции, што секака дека и мене ми одговара. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата", вели Шиков.

Последен клуб каде настапуваше пред Тобол му е Работнички, а Шиков беше член на неколку реномирани клубови од калибарот на грчки Олимпијакос, Австрија Виена, Нефчи, Ксанти.....

Најново во Фудбал