За првпат ќе имаме фудбалер во гигантот од Истанбул

Турски медиуми: Елмас може да биде долгорочно решение за проблемите на Фенер во средниот ред (Видео)

Елиф Елмас може да биде долгорочно решение за проблемите на Фенербахче во средниот ред, а момчето кое се уште нема полни 18 години може да игра на неколку позиции на теренот, анализираат турските новинари

објавено: 17 јули 2017 - 07:30

Елиф Елмас може да биде долгорочно решение за проблемите на Фенербахче во средниот ред, а момчето кое се уште нема полни 18 години може да игра на неколку позиции на теренот, анализираат турските новинари.

Елиф синоќа во придружба на својот менаџер Никола Ѓошевски пристигна во Истанбул и треба да ги мине медицинските прегледи и потоа да потпише 5-годишен договор со Фенербахче. Еден од трите гиганти на турскиот фудбал, заедно со  Галатасарај и Бешикташ беше упорен во намерата да го ангажира Елмас и успеа во тоа.

Веројатно уште денеска ќе бидат завршени сите формалности и Елмас ќе потпише договор. Од септември кога ќе наполни 18 години ќе може и да игра за Фенербахче, заедно со ѕвезди од калибарот на Валбуена, Ленс, Батчуаи, Топал, Шкртел, Исла, Кјаер....

Најново во Фудбал