Пред 20 години вкупно се трошеше колку сега за еден играч

Кога сметките беа потенки и трансферите беа нормални (Фото)

Бразилскиот ас Роналдо потпиша за Барселона во 1996 година за сума од 12,8 милиони фунти, а тогаш една од најголемите фудбалски ѕвезди пристигна во Каталонија од Ајндховен, од редовите на ПСВ. И тоа за сума која сега дваесеттина години подоцна изгледа смешно мала, во однос на парите кои летово и неколку претходни години се плаќаат за трансферите на светските фудбалски асови

објавено: 17 јули 2017 - 18:54

Бразилскиот ас Роналдо потпиша за Барселона во 1996 година за сума од 12,8 милиони фунти, а тогаш една од најголемите фудбалски ѕвезди пристигна во Каталонија од Ајндховен, од редовите на ПСВ. И тоа за сума која сега дваесеттина години подоцна изгледа смешно мала, во однос на парите кои летово и неколку претходни години се плаќаат за трансферите на светските фудбалски асови.

Сметката во 1996 година беше скромна, во однос на тоа што се троши ова лето, па така во Шпанија вкупно тогаш беа потрошени 128 милиони фунти за сите трансфери. А, имаше екстра фудбалери од калибарот на Роналдо, Мијатовиќ, Ривалдо, Шукер, Карпин, Ромарио, Седорф... Големи асови, а сите заедно чинеа приближно колку еден Лукаку, кој летово од Евертон се пресели во Манчестер јунајтед за вкупна сума од 113 милиони евра. Чудно е, но трансферите за две децении скокнаа до небо..

Погледнете ги и летните трансфери во Италија и Англија од 1996 година, со потрошени вкупно 85, односно 75 милиони фунти.

Најново во Фудбал