ФОТОГРАФИЈА ЗА АНТОЛОГИЈА

Кога ли јас ќе пораснам.... Миленковски си дочека по 16 години капитенски да го крене пехарот (ФОТО)

Филип Миленковски си го дочека моментот за кој сонуваше од дете и како капитен на Пелистер прв го крена трофејот, вчера во Струмица во финалето на националниот Куп против Шкендија

објавено: 18 мај 2017 - 17:15

Филип Миленковски си го дочека моментот за кој сонуваше од дете и како капитен на Пелистер прв го крена трофејот, вчера во Струмица во финалето на националниот Куп против Шкендија. Пред точно 16 години како дел од почетната церемонија на финалето во Скопје меѓу Пелистер и Слога југомагнат, Миленковски се ракуваше со тогашниот капитен на битолчани Митко Стојковски. Сега двајцата заедно се единствените капитени на Пелистер што го предводеле овој клуб до титулата во купот.

„Пресреќен сум, а кој не би бил во ваков момент. Одигравме исклучително тежок натпревар. Имавме добри шанси да победиме и во регуларниот дел и во продолженијата, но кога веќе не успеавме на тој начин да стасаме до пехарот, добро е што славевме по пенал-серијата. Заслужено се радуваме, а среќен сум што и битолчани имаат многу причини да слават по цели 16 години“. вели Миленковски.

Пелистер во маратонски меч ја победи Шкендија, дури на пенали, откако во регуларниот дел и по продолженија од двапати по 15 минути немаше голови. За биртолчани оцва е втор куп пехар во четвртото финале. 

Најново во Фудбал