БИТОЛЧАНИ СÈ НА СЕДМО НЕБО

„Срцето ми плаче, 16 години чекав титула“

Битола е на нозе, Пелистер по 16 години пауза го освои Купот на Македонија. Социјалните мрежи се исполнети се бројни коментари и честитки, а успехот на „пелистерци“ ќе се слави долго време.  

објавено: 18 мај 2017 - 11:45

Битола е на нозе, Пелистер по 16 години пауза го освои Купот на Македонија. Битолчани не спиеја цела ноќ, доцна синоќа пехарот се шеташе по Широк сокак, а социјалните мрежи беа исполнети се бројни коментари.

Колку бил макотрпен патот до титулата, говори коментарот на еден од најголемите фанови на Пелистер.

„Срцето ми плаче, 16 години чекав титула, одев по сите села и градови за тажните моменти, а сега кога се радуваме не сум таму", се дел од коментарите на социјалните мрежи.

За првпат можеа да се прочитаат честитки од страна на останатите навивачки групи. 

 

 

Најново во Фудбал