ЗАВЕРЕН БЕШЕ БИТОЛСКИОТ ПЕЧАТ НА ПЕХАРОТ ВО КУПОТ

Трофејот цела ноќ блескаше на Широк сокак (Фото)

Дождот и лошото не беше пречка за најупорните навивачи да останат и да ги поздрават новите битолски херои

објавено: 18 мај 2017 - 08:50

Трофејот од Купот на Македонија, доцна синоќа доби и официјален битолски печат. Пелистерци пристигнаа во градот, каде беа пречекани од своите верни навивачи. Ниту лошото време не беше пречка, најупорните да останат и со факели и песни да ги пречекаат играчите.

Трофејот цела ноќ шеташе по Широк сокак, за втора радост на битолчани во Купот на Македонија, повторувајќи го успехот од 2001 година. 

Најново во Фудбал