ВАРДАР ГО ЧЕКА „ПЕКОЛНА“ АТМОСФЕРА

Малме досега продаде 19.000 билети

Шведскиот првак се пофали дека стадионот ќе биде полн

објавено: 11 јули 2017 - 19:10

Шведскиот првак Малме ќе има голема поддршка за дуелот против Вардар, кој се игра утре. Домаќинот на првиот меч од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите верува дека ќе ги израдува домашните навивачи. 

На твитер профилот на Малме, најавено е дека досега се продадени 19.000 билети. Стадионот во Малме собира 24.000 гледачи, што значи дека има во слободна продажба само уште 5.000 билети. 

Засега нема информации дали Вардар ќе има поддршка на гостувањето. 

Најново во Фудбал