Не е случајно

Малме си има рецепт, 7 од последните 10 меча ги доби со еден гол разлика

Малме го победи Хакен со 1:0 во меч од 14. коло во шведското првенство и победнички го чека македонскиот првак Вардар на двомечот за пласман во Лигата на шампионите. Првиот дуел е на 12. јули во Малме, а реваншот е во Струмица 6 дена подоцна

објавено: 8 јули 2017 - 19:58

Малме го победи Хакен со 1:0 во меч од 14. коло во шведското првенство и победнички го чека македонскиот првак Вардар на двомечот за пласман во Лигата на шампионите. Првиот дуел е на 12. јули во Малме, а реваншот е во Струмица 6 дена подоцна.

Денеска со голот на Јеремејеф во 19. минута Малме го скроти опасниот ривал Хакен, во меч во кој имаше два црвени картони. Во финишот двајца фудбалери на домаќините беа исклучени, по што беше заверена победата на Малме.

И што е најинтересно тоа е седма победа во последните 10 меча за Малме со еден гол разлика. Тактика ли е, случајност ли е, можеби ќе покаже двомечот со Вардар. Нашиот шампион ќе гостува на Сведбанк арена против лидерот во шведскиот шампионат на 12. јули од 19 часот.

Најново во Фудбал