Сведбанк арена ќе се наполни за првиот меч со нашиот првак

Малме веќе продаде половина билети, Швеѓаните чекаат одговор од Вардар за реваншот

Малме ќе ја има поддршката од своите навивачи на „Сведбанк“ арена против Вардар, а домаќините објавија дека веќе се продадени 12 илјади влезници за првиот дуел на 12. јули. Капацитетот на стадионот на Малме за натпреварите во еврокуповите е 21 илјади места, па речиси сигурно е дека „Сведбанк“ ќе биде полна

објавено: 30 јуни 2017 - 10:45

Малме ќе ја има поддршката од своите навивачи на „Сведбанк" арена против Вардар, а домаќините објавија дека веќе се продадени 12 илјади влезници за првиот дуел на 12. јули. Капацитетот на стадионот на Малме за натпреварите во еврокуповите е 21 илјади места, па речиси сигурно е дека „Сведбанк" ќе биде полна на 12. јули, на мечот што ќе почне од 19 часот.

И Швеѓаните велат дека очекуваат и одговор од раководството на Вардар за реваншот. Најавено е дека ќе има група на навивачи на Малме за дуелот во Струмица на 18. јули од 18 часот, но се уште не се знае колку билети ќе им бидат доделени на гостите од Шведска.

Вардар ќе има поддршка на првиот меч, а веќе е најавено дека од Скопје ќе отпатуваат дел од симпатизерите на „црвено-црните“, а сигурно ќе има и дел од нашите иселеници кои живеат во Шведска и околните земји.

Најново во Фудбал