Швеѓаните се организираат за реваншот

Малме виа Скопје до Струмица - Шведскиот првак ќе има поддршка на гостувањето против Вардар

Шведскиот првак Малме има одлични симпатизери и една од најорганизираните навивачки групи во Шведска и тие сигурно ќе допатуваат во Македонија, за реваншот со Вардар во Струмица на 18. јули. На стартот од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе играат македонскиот и шведскиот првак, па покрај битката на теренот, во 180 минути ќе биде интересно да се следи и навивачкото шоу на симпатизерите на двете екипи

објавено: 26 јуни 2017 - 09:00

Шведскиот првак Малме има одлични симпатизери и една од најорганизираните навивачки групи во Шведска и тие сигурно ќе допатуваат во Македонија, за реваншот со Вардар во Струмица на 18. јули. На стартот од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите ќе играат македонскиот и шведскиот првак, па покрај битката на теренот, во 180 минути ќе биде интересно да се следи и навивачкото шоу на симпатизерите на двете екипи.

Вардар ќе биде гостин на првиот меч, закажан за 11. јули, а македонската екипа сигурно ќе има поддршка на „Сведбанк“ арена. Во Шведска и околните земји има доста Македонци, но се најавува дека и од Скопје добар број на навивачи ќе патуваат за Малме на првиот меч.

Слично ќе биде и во Струмица, бидејќи веќе се најавува организирано патување на навивачите на Малме. Тие сами преку својата навивачка група ќе организираат автобуски превоз од Скопје до Струмица.

Најново во Фудбал