КОГА НЕ МОЖЕ СО ДОБРО МОРА ПРЕКУ ФИФА

Металург преку суд бара 100.000 евра од Локо Пловдив

Се работи за пари за играчот за врска Стефан Јефтоски

објавено: 17 јули 2017 - 11:20

Екипата на Металург го даде Локомотив Пловдив во светската фудбалска федерација (ФИФА), пишуваат бугарските медиуми. Причина за овој спор е поврзана со играчот за врска Стефан Јефтоски.

Металург кој е матичен клуб на Јефтоски, бара најмалку 100.000 евра, како тренинг компензација која клубовите ја плаќаат за играчи кои немаат наполнето 23 години. Максималната сума може да достигне и до 320.000 евра.

Доколку го загубат спорт во ФИФА, следуваат повеќе можни санкции. Првата е одземање на три бода, а доколку не се платат парите може да дојде и до забрана за трансфери во екипата на Локомотив Пловдив. 

Најново во Фудбал