ОБЈАВЕН ПЛАНОТ ЗА УТРЕШНИОТ МЕЧ

Навивачите на Малме на иста трибина со „Комитите“

Двете навивачки групи сепак ќе бидат добро раздвоени, бидејќи едните ќе бидат на едниот крај од трибината, додека најавените гостински фанови од Шведска ќе бидат со сосема другиот дел 

објавено: 17 јули 2017 - 12:11

Малме ќе има свои навивачи на стадионот „Младост“ во Струмица на утрешниот дуел против македонскиот првак Вардар, во реванш дуелот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Според планот кој излезе за тоа каде ќе бидат сместени навивачите, фановите на Малме ќе бидат на иста трибина на која ќе бидат и најверните навивачи на Вардар, популарните „Комити“. Двете групи ќе бидат сместени на големата Северна трибина, но на сосема различен крај. 

За „Комитите“ е резервиран блокот Б1, додека гостите ќе бидат на сосема спротивната страна, односно на Б7. Вардар имаше свои навивачи во Малме и немаше никакви инциденти, па се очекува и утре во Струмица, да нема никакви проблеми од навивачки карактер. 

Најново во Фудбал