Стоперот на Швеѓаните ќе бара стоперица

Нилсен: Вардар ќе сака да го троши времето

Стоперот на Малме, Ласе Нилсен стравува од домаќинот Вардар и вели дека скопјани во Струмица ќе сакаат да задржуваат време со цел да го одбранат резултатот од првиот меч, 1:1 на гостински терен, кој сега му дава предност на македонскиот првак

објавено: 17 јули 2017 - 17:30

Стоперот на Малме, Ласе Нилсен стравува од домаќинот Вардар и вели дека скопјани во Струмица ќе сакаат да задржуваат време со цел да го одбранат резултатот од првиот меч, 1:1 на гостински терен, кој сега му дава предност на македонскиот првак.

„Вардар ќе сака да го троши времето, но ние ќе мора да бидеме смирени и да одиграме дисциплинирано. Сигурен сум дека ќе постигнеме барем еден погодок и во тој случај ќе ни биде полесно да играме. Очекувам Вардар да се брани и да игра на контранапади“, вели Нилсен.

Неговиот колега од одбраната, вториот стопер Брорсон беше стрелец на израмнувачкиот погодок за Малме на „Сведбанк“ арена, а Нилсен вели дека нема ништо против реприза.

„Нека постигне Брорсон уште еден гол, нема да се лутам. А, може и јас ќе му се реванширам“, вели Нилсен. Малме има проблеми во одбраната, не игра стандардниот стопер Сафари, па Вардар мора да го искористи тоа и да стаса до поволен резултат и двомеч најверојатно со ФК Копенхаген, во третата рунда.

Најново во Фудбал