ЛЕСЕН РИВАЛ ЗА „РОМАНТИЧАРИТЕ“

Работнички ги доби аматерите од Сан Марино

објавено: 19 јуни 2017 - 13:26

Екипата на Работнички треба да ја има најлесната задача од сите четири македонски екипи кои летово ќе играат во европските натпреварувања на УЕФА. „Романтичарите“ беа единствени кои се најдоа во групата на носители, на ждрепката во Нион и тоа донесе далеку полесен противник. 

Како прв ривал во квалификациите за Лигата на Европа, Работнички го доби тимот на Сп Тре Пене од Сан Марино. Ова е аматерски тим кој не би требало да создаде никакви проблеми за скопјани.

Претставникот на Сан Марино на 29 јуни е гостин на Работнички во Струмица а реваншот се игра седум дена покасно на теренот на противникот.

Најново во Фудбал