Романтичарите не се по репризите

Работнички сака да ја избегне судбината на Ренова

Работнички нема што да калкулира против Динамо Минск во реваншот на 20. јули од 17 часот и мора да постигне барем еден гол, ако сака да го елиминира белорускиот состав

објавено: 17 јули 2017 - 21:50

Работнички нема што да калкулира против Динамо Минск во реваншот на 20. јули од 17 часот и мора да постигне барем еден гол, ако сака да го елиминира белорускиот состав.

Првиот меч во Скопје заврши нерешено, 1:1, а „романтичарите“ од сите македонски екипи имаат најмногу мечеви со екипи од територијата од поранешниот СССР. Ова им е прв двомеч со белоруска екипа, а досега билансот им е 5:4 против клубови од поранешниот Советски сојуз.

Дебармаалци во досегашните настапи ги елиминираа летонските Сконто Рига и Јелгава, потоа ерменска Мика и естонските екипи Транс Нарва и Флора Талин, додека не успеаја да минат против украинска Ворскла, со Локомотив Москва и Рубин Казањ од Русија и со Интер Баку од Азербејџан.

Ова е десетти двомеч, а „романтичарите“ имаат намера да ја избегнат судбината на Ренова. Тетовци се единствениот клуб до овој двомеч на Работнички што играле против Динамо Минск. На 2. јули 2009 година во првата квалификациска рунда за тогашниот УЕФА куп Ренова загуби со 1:2 на гостински терен во Минск, а седум дена подоцна во Скопје одигра нерешено, 1:1 и испадна.

 

 

Најново во Фудбал