ТОА Е ВИСТИНСКИ КАПИТЕН

Давид Бабунски: Главата горе!

Македонија загуби со 5:0 од Шпанија во дебитантскиот настап во Полска, но не смее да се предадеме и треба на дуелите против Србија и Португалија да се стигне до подобар резултат

објавено: 18 јуни 2017 - 14:12

Давид Бабунски беше најблиску до можноста да го постигне првиот погодок за Македонија на едно големо натпреварување. Капитенот на младинската репрезентација ја погоди пречката во дуелот против Шпанија и малку фалеше да се затресе мрежата на големиот ривал.

Шпанија ја покажа моќта и од шест удари во рамките на нашиот гол, даде пет погодоци. И покрај високиот пораз, Бабунски како вистински капитен упати порака до сите. 

„Главата горе! Се е школа. Многу позитивни работи за кои треба да сме горди и на кои треба да се надградуваме. Идеме сите заедно на следниот натпревар!“, напиша Бабунски на социјалните мрежи. 

Македонија следниот меч го игра во вторник против Србија, а во третото коло противник ќе ни биде Португалија. 

Најново во Фудбал