Ќе се бие голема битка во Бидгошч

Буњевчевиќ: Внимавајте, Македонците и пркосеа на Шпанија

Горан Буњевчевиќ ја има улогата на технички директор во Фудбалскиот сојуз на Србија, пристигна во Бидгошч да ги бодри младите „орли“, а со многу комплименти ја анализираше играта на македонската репрезентација

објавено: 19 јуни 2017 - 19:10

Горан Буњевчевиќ ја има улогата на технички директор во Фудбалскиот сојуз на Србија, пристигна во Бидгошч да ги бодри младите „орли", а со многу комплименти ја анализираше играта на македонската репрезентација, пред утрешното балканско дерби во Б групата на Еп во Полска.

„Резултатот со кој загуби Македонија не е во склад со сликата на теренот. Неправедно е што загубија со 0:5. Во првите половина час тие им пркосеа на Шпанците, кои се велесила. Пораз од 5 гола разлика, со 24 удари кон голот е мошне чудно. И на нас ни се случи слична ситуација, загубивме од Португалија незаслужено. Верувам дека утре ќе гледаме добар меч“, вели Буњевчевиќ.

Нашата репрезентација веќе отпатува за Бидгошч, за мечот што ќе се игра утре од 18. часот.

Најново во Фудбал