ОГРОМНА ПОДДРШКА ЗА МОМЦИТЕ НА БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ

Други наши селекции не можат да сонуваат за ваков успех

„Ни недостигаше малку среќа за гол или два, а противникот има супер талентирани поединци на кој се им поаѓаше од нога. Но, тоа е тоа, огромен успех е пласманот овде, други наши селекции не можат да сонуваат за ваков успех. Поздравете ги момците и тренерот, само вака понатаму, ја направија горда Македонија“ - е само еден од коментарите за играта на нашиот млад национален тим против „црвената фурија“. 

објавено: 18 јуни 2017 - 14:37

Поддршка за момчињата на Боби Милевски и Македонија не стивнува. Не се гледа на тоа дали е во победа или пак во пораз, како оној превисокиот, од Шпанија на отворањето на ЕП во Полска.

"Независно од резултатот ова беше најдобра игра на некоја МК репрезентација што јас сум ја гледал, а сум гледал многу. Храбро во дуел, зрело спроведена тактика, паметни прецизни додавања, играа момците, баш играа, секоја чест. Гордост се, алал да им е...
Ни недостигаше малку среќа за гол или два, а противникот има супер талентирани поединци на кој се им поаѓаше од нога. Но, тоа е тоа, огромен успех е пласманот овде, други наши селекции не можат да сонуваат за ваков успех. Поздравете ги момците и тренерот, само вака понатаму, ја направија горда Македонија, БРАВООООО.Поздрав Игор"
#НапредМакедонија #U21EURO

Најново во Фудбал