Сопка од Рим за младите орли

Голем проблем за Србија пред ЕП во Полска, Лацио не го пушта Сергеј Милинковиќ Савиќ

Со неочекуван проблем се соочува селекторот на младата репрезентација на Србија, Ненад Лалатовиќ, пред настапот на Европското првенство во Полска, а „сопка“ на младите орли им става Лацио, клуб што не дозволува Сергеј Милинковиќ Савиќ да игра на шампионатот

објавено: 25 мај 2017 - 08:31

Со неочекуван проблем се соочува селекторот на младата репрезентација на Србија, Ненад Лалатовиќ, пред настапот на Европското првенство во Полска, а „сопка" на младите орли им става Лацио, клуб што не дозволува Сергеј Милинковиќ Савиќ да игра на шампионатот.

Младиот репрезентативец е една од главните алки во играта на Србија, селекција која е во Б групата, заедно со Македонија, Шпанија и Португалија.

Лацио се повикува на одредбата на ФИФА, дека играчите мора да им бидат на располагање на клубовите до 12. јуни. Србите ќе патуваат за Полска на 7. јуни, а првиот меч им е на 17. јуни со Португалија, од 18 часот во Бидгошч.

Сергеј Милинковиќ Савиќ игра во средниот ред и е еден од највлијателните и најталентирани фудбалери во селекцијата на Србија за играчи до 21 година и неговиот изостанок ќе биде голем хендикеп за оваа сеелкција. Македонија ќе игра со соседите на 20. јуни, од 18 часот во Бидгошч.

Најново во Фудбал