СРПСКИОТ СЕЛЕКТОР НЕНАД ЛАЛАТОВИЌ ПРИЗНАВА:

Играме во најтешката група

На првиот собир на младите „орли" во Стара Пазова, надежниот тренер призна дека нема да им биде лесно во друштво на Шпанија, Португалија и Македонија.

објавено: 2 јуни 2017 - 09:00

Предводникот на младата селекција на Србија Ненад Лалатовиќ е свесен дека играњето на Европското првенство во Полска, во друштво на Шпанија, Португалија и Македонија е ѓаволски тешка работа.

На првиот собир и почетокот на подготовките на младите „орли" во Стара Пазова, Лалатовиќ ја потенцираше силината на групата во која е неговата Србија.

„Направивме анализа на групата и можеме слободно да кажеме дека нашата група е најтешката на првенството. Го играме првиот меч против Португалија, селекција која не загубила ниту еден натпревар во последните три години. Неодамна ја победија Германија со 1:0. Една навистина сјајна репрезентација".

Лалатовиќ не ја заборава ниту Македонија.

„Тоа е селекција која ја исфрли Франција, што доволно говори дека имаат навистина силен квалитет, и дека никој не смее да ги потцени "- смета тренерот на Србија со која се среќаваме во второто коло од ЕП во Полска.

Но Лалатовиќ поентира во својот препознатлив, „борбен стил".

„Колку другите селекции имаат добри репрезентативци, толку имаме и ние. Не се плашиме од никого. Нашите играчи беа светски и еврпопски прваци. Очекувањата се големи, но голме хендикеп е што не можеме да сметаме на играч од типот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Но тој е тука, со нас, да ги поддржи момците, и верувам дека ќе најдеме соодветна замна за него, без оглед на тоа колку тешко би било тоа"- се надева српскиот селектор.

 

Најново во Фудбал