За загревање пред гостувањето во Скопје

Колумбија ќе им ја глуми Македонија на Шпанците на 7. јуни

Репрезентацијата на Колумбија ќе ја тестира шпанската фудбалска селекција на 7. јуни на „Месталја“ во Валенсија, како последна проверка за „Црвената Фурија“ пред мечот во Скопје со Македонија

објавено: 5 април 2017 - 15:10

Репрезентацијата на Колумбија ќе ја тестира шпанската фудбалска селекција на 7. јуни на „Месталја" во Валенсија, како последна проверка за „Црвената Фурија" пред мечот во Скопје со Македонија.

На 11. јуни ќе го играме шестиот натпревар од Г групата за пат на СП во Русија, а противник ќе ни биде лидерот Шпанија. Селекција која никогаш ја немаме победено, а и во јуни ќе биде апсолутен фаворит во Скопје. Само 4 дена претходно Колумбијците ќе ја глумат Македонија во Валенсија на пријателскиот меч со моќните Шпанци.

На „Месталја“ ќе пристигнат Родригез, Фалкао, Квадрадо, Оспина, Запата и останатите колумбиски асови.

Најново во Фудбал