Се знае составот и за вториот фронт против Македонија

Младите Шпанци со дрим-тим на ЕП во Полска

И селекторот на младата репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, по стапките на поискусниот колега од А селекцијата, Хулен Лопетеги, го објави списокот за настап на ЕП во Полска. Главните фудбалски ѕвезди во подем, Жерар Делофеу, Саул Нигез, Ињаки Вилијамс, Марко Асенсио... очекувано ќе играат во Полска, а првиот меч им е против нас на 17. јуни 

објавено: 19 мај 2017 - 12:30

И селекторот на младата репрезентација на Шпанија, Алберт Селадес, по стапките на поискусниот колега од А селекцијата, Хулен Лопетеги, го објави списокот за настап на ЕП во Полска. Главните фудбалски ѕвезди во подем, Жерар Делофеу, Саул Нигез, Ињаки Вилијамс, Марко Асенсио... очекувано ќе играат во Полска, а првиот меч им е против нас на 17. јуни.

Со Македонија на мегдан, во меч кој за нас е историски, прв на големите натпреварувања за било која селекција.

Со Шпанците кои се велесила и во младинскиот фудбал и имаат 4 европски титули во категорија за фудбалери до 21 година ќе играме во Гдиња од 20,45 часот.

Еве го комплетниот состав што денеска го објави селекторот Алберт Селадес:

Голмани: Кепа, Лопез, Бланко.

Одбрана: Џони, Јерај, Грималдо, Мере, Одриозола, Белерин, Мерино.

Среден ред: Ваљехо, Гаја, Ојарзабал, Љоренте, Нигез, Солер, Себалос, Асенсио.

Напад: Суарез, Делофеу, Вилијамс, Сандро и Мајорал.

Најново во Фудбал