И статистиката е на наша страна

Португалците и Македонците царуваат во Европа, Б групата во Полска е пекол

Актуелните вицешампиони Португалците ја имаат најдолгата серија без пораз во младинска категорија за играчи до 21 година, аколку е пеколно тешка Б групата на Еп во Полска, покажува и фактот што зад нив е нашата млада репрезентација, па потоа се Шпанците

објавено: 29 март 2017 - 11:27

Актуелните вицешампиони Португалците ја имаат најдолгата серија без пораз во младинска категорија за играчи до 21 година, аколку е пеколно тешка Б групата на Еп во Полска, покажува и фактот што зад нив е нашата млада репрезентација, па потоа се Шпанците.

Португалците блескаат, а вчера на гостински терен ја победија моќната Германија и стасаа до кота 19. На толку натпревари се непоразени, а имаат неверојатно добра генерација и ќе бидат фаворити за шампионската круна во Полска на ЕП. Зад нив се нашите фудбалски херои со 12 натпревари без пораз. како показател за апсолутно заслужениот пласман на континенталниот шампиона, прв за нас во фудбалот во било која возарсна категорија. Избраниците на Боби Милевски веќе заборавија како е да се губи, а последниот неуспех ни е против Исланд во јуни 2015 година. Оттогаш младите пишуваат прекрасни фудбалски приказни и со Португалците се единствените две селекции во Европа со двоцифрена серија без пораз.

И зад нив е третиот учесник во Б групата во Полска, силната селекција на Шпанија. Четирикратниот европски првак има низа од 9 меча без пораз, што покажува колку е тешка нашата група на ЕП во Полска. Тука е и незгодната Србија, па ќе биде вистински подвиг да се освои првото место на натпреварите што ќе се играат во Гдиња и во Бидгошч. Во полуфиналето ќе оди и најдобрата второпласирана селекција од сите три групи.

Најново во Фудбал