Се бројат деновите до стартот на младинското ЕП

Ранолетни орли - Младите Срби денеска патуваат за Полска, следи Португалија, па Македонија и Шпанија

Младата репрезентација на Србија прва патува за Полска од четирите репрезентации, кои се во тешката Б група, на Европското првенство за играчи до 21 година. Популарните „Орли“ денеска тргнаа на пат кон Бидгошч, а веднаш по нив, утре, во истиот град ќе стасаат и Португалците. Македонија тргнува во слатката авантура на 12. јуни, додека за крај ќе допатуваат и Шпанците на само два дена пред стартниот меч со нас, закажан за 17. јуни

објавено: 7 јуни 2017 - 09:30

Младата репрезентација на Србија прва патува за Полска од четирите репрезентации, кои се во тешката Б група за Европското првенство за играчи до 21 година. Популарните „Орли" денеска тргнаа на пат кон Бидгошч, а веднаш по нив утре во истиот град ќе стасаат и Португалците.

Во оваа група се и нашите фудбалски херои, избраниците на Благоја Милевски, а Македонија на средба со историјата ќе патува на 12. јуни. Ќе бидеме сместени во Сопот, а ќе играме во Гдиња два меча и еден во Бидгошч.

Сефте на европските првенства ќе ни биде дуелот со еден од главните фаворити на турнирот, младата селекција на Шпанија на 17, јуни во Гдиња од 20,45 часот. Три дена подоцна ќе играме со Србите во Бидгошч од 18 часот, а фазата по групи ќе ја финишираме со меч против Португалија на 23. јуни, повтосно во Гдиња на 23. јуни.

Интересно е што Шпанците со нас играат на 17. јуни, а за Полска ќе патуваат само два дена претходно на 15. јуни,
Шампионатот почнува на 16. јуни со натпреварот меѓу актуелниот шампион Шведска и Англија од 18 часот, а потоа меѓусебе ќе играат и домаќинот Полска со Словачка. Следниот ден се два натпревари од нашата Б група, а премиерата е за Португалија и Србија од 18 часот. Од 20,45 часот Македонија ќе дебитира на европските шампионати во меч против Шпанија.

Најново во Фудбал