БОБИ МИЛЕВСКИ НАЈАВУВА ПРОМЕНИ ВО СОСТАВОТ

Се чувааат сили за Србија, во Гдањск тренираа само резервите

По тешкиот натпревар и пораз од Шпанија (5-0), селекторот на младата репрезентација, Боби Милевски, одлучи да им даде слободен ден на фудбалерите кои настапија на вечрашниот дуел. Денеска во Гдањск тренираа само резервите.  

објавено: 18 јуни 2017 - 18:39

Од Полска, Зоран Поповски

По вчерашниот тежок натпревар против силната селекција на Шпанија, предводникот на младата репрезентација, Боби Милевски одлучи да им даде слободен ден на фудбалерите кои настапија на овој меч. Денеска во Гдањск тренираа само резервите.

Оваа одлука е сосема оправдана, особено ако се земе во предвид дека в вторник не очекува уште еден тежок натпревар против селекцијата на Србија, која зад себе го има поразот од Португалија. За средбата во Бидгошч, Милевски најави измени во составот.

 

 

 

Најново во Фудбал