СТРЕЛА ЗА СУПЕРКУП НА ЈУВЕНТУС

Секулов ја однесе „Старата дама“ до Супер Купот

Нашиот супер талент Никола Секулов беше стрелец но и играч на мечот во победата над Парма од 2:1 во големото финале.

објавено: 18 јуни 2017 - 21:40

Фудбалерите на Јувентус до 15 години се освојувачи на големиот пехар од Суперкупот на Италија. Сето ова е по заслуга на нашиот екстра талент Никола Секулов кој денеска имаше фантастичен настап за „старата дама". Во големото финале Јувентус победи со 2:1 над Парма. Противникот имаше водство од 1:0 но Секулов со својот гол во 26 минута израмни на 1:1 и го врати Јувентус во игра. Во 36 минута „црно-белите" го дадоа голот за победа и за големиот пехар.

Оваа генерација на Секулов пред 3 дена станаа и шампиони на Италија за фудбалери до 15 години. Никола Секулов вчера го победи својот екс тим од каде лани замина во Јувентус. Овој супер талент настапува за нашата репрезентација до 15 години.

Најново во Фудбал