Лопетеги го соопшти списокот за мечот со Македонија

Силна шпанска армада доаѓа во Македонија, ги предводи Иниеста, тука се и Рамос, Пике, Силва, Коста....

Хулен Лопетеги го соопшти поширокиот список со 25 фудбалери на шпанската репрезентација за двата натпревари во јуни, пријателскиот со Колумбија на седми и квалификацискиот за настап на СП против Македонија закажан за 11. јуни во Скопје. Силната шпанска армада ја предводат ѕвездите Иниеста, Рамос, Пике, Силва, Коста и уште дузина познати фудбалски асови

објавено: 19 мај 2017 - 12:13

Хулен Лопетеги го соопшти поширокиот список со 25 фудбалери на шпанската репрезентација за двата натпревари во јуни, пријателскиот со Колумбија на седми и квалификацискиот за настап на СП против Македонија закажан за 11. јуни во Скопје. Силната шпанска армада ја предводат ѕвездите Иниеста, Рамос, Пике, Силва, Коста и уште дузина познати фудбалски асови.

Со Шпанија ќе играме на „Филип втори“ арената на 11. јуни од 20,45 часот, а претходно „Црвената фурија“ ќе игра во Мурсија против Колумбија.

Еве го комплетниот список на Шпанците:

Голмани: Де Хеа, Кепа, Реина.

Одбрана: Аспиликуета, Алба, Карвахал, Начо, Рамос, Пике, Монреал.

Среден ред: Роберто, Илјарименди, Бускетс, Коке, Иниеста, Алкантара, Иско, Асенсио, Силва.

Напад: Педро, Витоло, Мората, Делофеу, Коста, Аспас. 

Најново во Фудбал