Успехот си го прави своето

Спортистите се обединија во поддршка на младите херои (ФОТО)

Македонските спортисти знаат да ценат успех, да ги поддржат своите колеги без разлика за кој спорт се работи. Во Македонија сите се обединети кога станува збор за хероите, за младите фудбалери кои во јуни ќе играат на Европското првенство во Полска

објавено: 28 март 2017 - 17:21

Македонските спортисти знаат да ценат успех, да ги поддржат своите колеги без разлика за кој спорт се работи. Во Македонија сите се обединети кога станува збор за хероите, за младите фудбалери кои во јуни ќе играат на Европското првенство во Полска.

Трибините на комплексот на ФФМ денеска беа исполнети со познати спортски „фаци“ кои дојдоа да ги гледаат младинците на пријателскиот дуел со Бугарија. 

Ракометните репрезентативци Кузмановски и Пешевски дојдоа да ги поздрават младите јунаци, на веројатно последниот тест-натпревар за нив пред почетокот на ЕП во Полска. Таму ќе играме за првпат на големо фудбалско натпреварување, а денеска на фудбалското игралиште во скопската населба Аеродром присутни беа и познатите наши сегашни и поранешни играчи. Николче Новески, Виктор Треневски, Срѓан Захариевски, Никола Ѓошевски, Влатко Гроздановски, Жикица Тасевски и плејада познати македонски фудбалери и фудбалски работници уште еднаш го поздравија успехот на младинците.

Најново во Фудбал