Интересна ситуација

Србите ќе ни бидат домаќини во Полска, следна дестинација за Македонија е Бидгошч

Младата репрезентација на Македонија за час и половина ќе отпатува за Бидгошч, место каде ќе го играме вториот меч на Европското првенство во Полска. Пат од речиси 200 километри ги чека нашите млади играчи до следната дестинација, каде утре на стадионот „Здислав Кшишковјак“ ќе се игра балканското дерби меѓу Македонија и Србија

 

објавено: 19 јуни 2017 - 11:46

Од Гдиња, Зоран Поповски

Младата репрезентација на Македонија за час и половина ќе отпатува за Бидгошч, место каде ќе го играме вториот меч на Европското првенство во Полска. Пат од речиси 200 километри ги чека нашите млади играчи до следната дестинација, каде утре на стадионот „Здислав Кшишковјак" ќе се игра балканското дерби меѓу Македонија и Србија.

Во еден сегмент Србите ќе бидат во предност, бидејќи за нив селење нема во текот на фазата по групи. Веќе одиграа еден меч во Бидгошч, а тука ќе се судрат и со Македонија, утре и со Шпанија на 23. јуни. И на некој начин младите „Орли“ ќе ни бидат домаќини на стадионот „Здислав Кшишковјак“.

Македонија играше во Гдиња со Шпанија, па сега се сели во Бидгошч за утрешниот натпревар со Србите и потоа пак се враќа и ќе игра во Гдиња за последниот дуел од Б групата со Португалија на 23. јуни.

Најново во Фудбал